Услуги

1. Монтажа

montaza 1

 

 

Многу често занемаруван аспект при изборот на климатизација е монтажата која е клучна за нормално функционирање на инсталираниот уред или систем. Сите наши монтери се со големо искуство од областа на греење и климатизација и секогаш стручно и професионално можат да ве посоветуваат за местото, висината на поставување на одреден уред во вашиот дом канцеларија и слично. Монтажата се обавува со квалитетни материјали што ни овозможува да обезбедиме трајност и гарантираме за истата. Вршиме монтажа на најразлични уреди и системи за греење и климатизација,како, Tоплински пумпи, подно греење, Вентилациони системи, ВРФ Мулти сплит, Сплит системи

 

 

 

2. Сервисирање

montaza 2

 

 

 

За нормално и долготрајно работење на еден клима уред или поголем систем неопходно е негова редовна контрола и навремено сервисирање. Сервисирањето и контролата овозможуваат детектирање на помали грешки во системот и нивно лесно отклонување со што не се дозволува појава на поголем проблем кој пак може да доведе и до приморана замена на истиот. Покрај грижата за уредот или системот во сервисирањето влегува и редовно чистење на истиот што не само ги подобрува перформансите на уредот туку и обезбедува чиста средина за корисникот на истиот.

 

 

 

3. Чистење

При машинското хемиско чистење на уредите користиме високо квалитетни средства кои ги уништуваат бактериите, вирусите и габите кои се таложат во вашиот клима уред .Нашиот сервис ги обезбедува сите сервисни и резервни делови кои се потребни за производите кои ги нудиме.